Вкупно 22 погодоци на трите натпревари синоќа постигнаа стрелците на меморијалниот турнир „Лескоец 2018“. На два од трите мечеви паднаа по 9 голови, а на третиот четири. Мистер И со 9-0 славеше над Иво Маже, а во трилер меч АСП Пак со 5-4 победи над Мешеишта, додека Санитарија Грини го совлада тимот на Куршум со 3-1.
Резултати:
Санитарија Грини – Куршум 3-1
Мешеишта – АСП Пак 4-5
Мистер И – Иво Маже 9-0
Двојки:
19:30ч: Санитарија Грини – Медеја Инженеринг
20:30ч: Пупе Компани – Кристо и Вивс Трекд
21:30ч: Дооел Ноче – Фаланга
OhridNews