Вкупно 28 погодоци понудија четирите натпревари кои синоќа се одиграа во рамките од меморијалниот турнир „Лескоец 2018“. Најефикасен меч беше дуелот Сатеска – Диба Трејд со девет погодоци, осум паднаа на натпреварот Еуростил – Мебо 2012, а седум на мечот Златни Зраци – Вики Транс.

Резултати:

Сатеска – Диба Трејд 5-4

Еуро Стил – Мебо 2012 7-1

Златни Зраци – Вики Транс 4-3

Фер Плеј – Волино 2-2

Денеска е слободен ден. Мечевите продолжуваат в недела.

OhridNews