Натпреварите во фазата по групи на осмиот по ред меморијален турнир во мал фудбал „Лескоец 2018“ влегуваат во завршна фаза. Синоќа, на четирите мечеви кои се одиграа славеа домаќините не оставајќи му ниту трошки на гостите.
Резултати:
Мешеишта – Фаланга 7-2
Кристи и Вивс Трејд – Жито Леб 5-3
СТ Лескоец – Мебо 2012 3-2
Сатеска Волино – Климент Колески 8-1
Двојки:
20ч ЛТХ Леарница – Златни Зраци
21ч Иво Маже – Волино
22ч Мистер И – Фер Плеј
OhridNews