Три победи на три натпревари е ефектот на „гостинските“ екипи на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески 2017“. Санитарија Грини славеше со минимални 1-0 над Скопско, Електро Промет со 5-3 над Хаак, а Александар Фудбал со 3-1 против Викса Пром.

Резултати:

Скопско – Санитарија Грини 0-1

Хаак – Електро Промет 3-5

Викса Пром – Александар Фудбал 1-3

Денеска нема натпревари на програмата, возбудувањата продолжуваат во недела.

OhridNews