Екипите на Санитарија Грини, Златара Бени и Ерол, АСП Пак и Такси Мече се првите патници во четвртфиналето, откако успешно ги поминаа осминафиналните пречки на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Јован Стојаноски 2019“.

Во осминафиналните пресметки, Санитарија Грини и АСП Пак со идентични 2-1 славеа над Електро Промет односно Др Баткоски, додека тесен триумф забележа тимот на Златара Бени и Ерол совладувајќи го Еуростил со 3-2.  Екипата на Такси Мече беше најубедлива и со 6-2 слваеше против Хотел Престол.

Резултати:

Електро Промет – Санитарија Грини 1-2

Еуростил – Златара Бени и Ерол 2-3

АСП Пак – Др Баткоски 2-1

Хотел Престол – Такси Мече 2-6

Двојки 1/8 финале:

20ч Бел Мерцедес – Сити Дентал

21ч Адвокатска канцеларија Шајн и Златара Бонасера – Шила

22ч Александар Фудбал – Сатеска

23ч Фаланга Волино – Мешеишта

Шемата за елиминациските натпревари

OhridNews