Претпоследниот натпреварувачки ден од групната фаза на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Јован Стојаноски 2019“ донесе неизвесни и тесни мечеви. После голема борба на теренот Сатеска со 2-1 славеше против Мате Маркет, а Електро Промет со 5-4 беше подобар од Мешеишта. Без победник 2-2 заврши средбата Еуростил – Сити дентал додека Адвокатска канцеларија Шајн и Златара Бонасера со 2-0 победи против Хотел Нова Ривиера.
Денеска е слободен ден, а мечевите во групи завршуваат утре.
Резултати:
Сатеска – Мате Маркет 2-1
Мешеишта – Електро Промет 4-5
Еуростил – Сити дентал 2-2
Хотел Нова Ривиера – Адвокатска канцеларија Шајн и Златара Бонасера 0-2