Екипите на Мешеишта, Сатеска Волино, Мистер И и Доктор Баткоски се првите четвртфиналисти на турнирот во мал фудбал на вештачка трева „Климент Колески 2018“.
Мешеишта со тесни 3-2 го совлада тимот на Моби Петрол, Сатеска во трилер меч со 6-5 подобра беше од екипата на Хотел Нова Ривиера 6-5, Др. Баткоски со 3-2 го победи Златни Зраци, а Мистер И со убедливи 5-0 триумфираше против Интермецо.
Резултати:
Моби Петрол – Мешеишта 2-3
Сатеска Волино – Хотел Нова Ривиера 6-5
Мистер И – Интермецо 5-0
Др. Баткоски – Златни Зраци 3-2
Двојки:
20ч Александар Лачоски Фудбал – Жито Леб
21ч Црна Река – Викса Пром
22ч АСП Пак – Електро Промет
23ч Агнеса – Фаланга Волино
OhridNews