Претпоследниот натпреварувачки ден во фазата по групи на меморијалниот турнир „Климент Колески 2018“ понуди добар фудбал и вкупно 30 погодоци. Најефикасен меч со 15 погодоци беше дуелот помеѓу Свислион Агроплод – Електро Промет кој заврши 6-9. Десет погодоци имаше на мечот Агнеса – Адвокатска канцеларија Ѓоршески (9-1), додека во мечеви кои одлучуваа за пласман понатаму Мешеишта со 2-0 го совлада тимот на Црногорци, а Сатеска Волино со 2-1 Еуро Стил. Последните мечеви во групната фаза ќе се одиграат в среда, а понеделник и вторник се слободни денови на турнирот.
Резултати:
Црногорци – Мешеишта 0-2
Свислион – Електро Промет 6-9
Агнеса – Адвокатска канцеларија Ѓоршески 9-1
Сатеска Волино – Еуро Стил 2-1
OhridNews