Полека но сигурно се одмотува клопчето на неизвеност во фазата по групи на меморијалниот турнир во мал фудбал на вештачка трева „Климент Колески 2018“. Синоќешните три натпревари ги разрешија дел од дилемите, а остануваа уште неколку кои ќе добијат свој епилог вечерва и среда, бидејќи понеделник и вторник ќе нема натпревари на програмата.

Резултати:

Златни Зраци – Пекара Балкан 3-1

Александар Лачоски Фудбал  – Скопско 8-0

Хотел Нова Ривиера – Клизор 4-1

Двојки:

20ч: Црногорци – Мешеишта

21ч: Свислион – Електро Промет

22ч: Агнеса – А.К. Ѓоршески

23ч: Сатеска Волино – Еуро Стил

OhridNews