Според податоците на Државната изборна комисија, по обработени 100% од избирачките места во општина Охрид, од вкупно запишани 52.223 гласачи, своето граѓанско право го оствариле 28.118 односно, излезноста е 53.84%.
Од нив 1.003 гласале за кандидатот Стевче Стевоски, 1.655 гласале за кандидатот од ГДУ Михаил Трендафилов Нанче, за кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски се изјасниле 10.614 односно 37.75%, за кандидатот од движењето „Беса“ Џемал Мена гласале 553, а кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески добил 13.037 гласа односно 46.37% од гласовите.
Неважечки гласачки ливчиња биле 1256.
OhridNews