Фудбалерите на Пелистер забележаа минимална победа 2-1 во првиот од двата натпревари во баражот за влез во Првата лига со Хоризонт Турново.
Со голот на Сашко Пандев во 3-та минута екипата на Хоризонт Турново одлично го започна мечот, но се им закомпликува од 20-та до 30-та минута.
„Зелено белите“ изедначија во 23-та минута со прецизниот изведен пенал на Благојче Маркоски. Истиот фудбалер во 29-та минута пак погоди од белата точка, а претходно поради старт надвор од казнетиот простор црвен доби голманот на Турново, Игески.
И покрај играчката негатива Турново имаше шанса за егал, но Пандев не го реализираше ударот од белата точка во финишот од натпреварот.
Бараж мечеви се одиграа и за влез во Втората лига, а по првите натпревари предност имаат Академија Пандев и Љунаци совладувајќи ги Гоблен Јуниор со 2-1 односно Новаци 3-1.
Фото: Екипа.мк
OhridNews