Викендов во спортската сала „Билјанини Извори“ се одиграа мечевите од 4-та рунда во Бизнис лигата во мал фудбал. На победи во 4-та рунда се радуваа екипите на Еко Шпар, Хотел Метропол и ЛТХ Леарница кои славеа над ЈП Комуналец (3-1), ЈП Проаква (4-1) односно ЈП Ниско Градба (6-1).

Четвртата рунда ќе се комплетира со дуелот помеѓу Костал и Општина Охрид, а следниот викенд на програмата е последното коло од фазата по групи кои ќе се решат сите дилеми околу четвртфиналистите.

Резултати: Еко Шпар – ЈП Комуналец 3-1, ЈП Проаква – Хотел Метропол 1-4, ЈП Нискоградба – ЛТХ Леарница 1-6, Жито Леб и АСП Пак се слободни.

Табели:

Група А: Жито Леб 7, Хотел Метропол 7, АСП Пак 3, ЈП Проаква 3

Група Б: Костал 7, ЛТХ Леарница 6, Еко Шпар 6, ЈП Комуналец 5, Општина Охрид 4, ЈП Нискоградба 0.

OhridNews