Вилата во Њу Џерси, во која Витни Хјусон живеела со својот поранешен сопруг Боби Браун, се продавала за 1,75 милиони долари. Обожавателите на изненадно починатата пејачка ќе можат да ја купат нејзината резиденција заедно со ранчот, каде живеела по венчавката со Боби Браун.

Две години по разводот, во 2009 година, Витни и Боби се обиделе да го продадат заедничкиот имот, но безуспешно. Во прашање е пространа вила со заоблени ѕидови и високи плафони. На овој имот, кој се простира на повеќе од пет хектари, пред седум години било снимано реалното шоу „Да се биде Боби Браун“.