Македонскиот режисер Антонио Митриќески влегува во нов филм. Во очекување на премиерата на неговиот филм „Деца на сонцето“, тој се подготвува за „Цар Самоил“, за кој вели дека ќе биде монументален, епски и раскошен филм, пренесува „Дојче веле“.

Долгометражниот филм „Цар Самоил“ е дел од годишната програма за финансирање на филмски проекти од национален интерес за 2014 година и со уште два филма го доби максималниот износ – секој по 30 милиони денари од Филмскиот фонд на Македонија.

извор: „DW“