Дрвопреработувач-резбар е новата струка што ќе биде отворена од идната учебна година во Електро-машинскиот училштен центар ” Свети Наум Охридски” доколку идните средношколци пројават интерес за неа.

За ова, училиштето добило согласност од Министерството за образование. Од пред три години, покрај електро и машинската струка, е отворена и сообраќајна, која средношколците дотогаш ја изучуваа во Битола.

Резбарска школа во Охрид опстојувала до пред 30 години во рамките на фабриката ЕМО.

Инаку, приемот на  документи за упис во прва година во ЕМУЦ ” Свети Наум Охридски” е закажан за 18 и 19 јуни.

ohridnews