Резба со ликот на Свети Климент Охридски им врачи градоначалникот Александар Петрески на моторџиите од Луксембург кои во рамките на мото релито низ Европа вчера попладне пристигнаа во Охрид.


Охрид дел од Евроспкото мото рели

Осумдесетина учесници на релито со 65 мотори продефилираа на градскиот плоштад. Нивни домаќини беа членовите на МК „Мото Охрид“, кои синоќа се дружеа со своите колеги од Луксембург на свечената вечера што се одржа во х. Метропол. На неа присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој ги запозна авантуристите на две тркала со културните и природни вредности на Охрид. Тие добија и пропаганден материјал од градот и сувенири за спомен од Охрид. Гостите на Петрески му врачија подарок-поздрав од градоначалникот на Луксембург. На забавата моторџиите од Луксембург имаа прилика да вкусат македонски специјалитети и да уживаат во нашиот фолклор.


национален фолклор во чест на учесниците на мото релито

Учесниците на мото релито низ Европа денеска заминуват за Грција, од каде со траект ќе се префрлат во Италија каде завршува релито. Релито го следи медицински тим, а во конвојот има и подвижна работилница. За секој случај велат храбрите натпреварувачи кои за три дена ќе го завршат релито низ Европа.


Учесниците на Европското мото рели денеска заминуваат од Македонија

ohridnews
фото: „Дигитал Фото Мики“
Васко Бујароски