Работната атмосфера претседателите на државите од Централна Европа за момент ја заменија со опуштена прошетка низ Охрид. Со брод уживаа во убавините на Охридското Езеро, по што го разгледаа стариот дел на градот. Дел од нив на пристигнувањето кај градското пристаниште  го прекршија строгиот протокол и застануваа со љубоптните минувачи со кои разговараа и се фотографираа.

На Плаошник високата делегација беше пречекана од поглаварот на МПЦ, Архиепископот Стефан, а во нивна чест во Света Софија се одржа концерт на Проект Жлуст.

Охрид го разгледаа и првите дами на Чешка и Молдавија на кои подоцна им се приклучи сопругата на гермнанскиот претседател.

Во друштво на сопругата на македонскиот претседател, Јасна Црвенковска тие ги разгледаа културно историските знаменитости на Охрид. За спомен си купија оригинален охридски бисер, а сопругата на чешкиот претседател  си купи и дрвена резба која ја плати во готово. Првите дами пиеја кафе на терасата во „Кадмо“ и се прошетаа низ чаршијата.


бисери и резба за спомен од Охрид-првите дами на Чешка и Молдавија

ohridnews