Боинг го објави финалниот дизајн на новиот авион 777-9X, кој ќе биде најголем двомоторен патнички авион на светот со распон на крилата од неверојатни 71,8 метри. Освен по големината овие крила ги издвојува и фактот што тие на краевите ќе може да се собираат за полесен маневар на авионот на аеродромите.
Новиот Боинг 777-9X ќе превезува најмалку 400 патници, што е значително повеќе од конкурентот Ербас А 350-1000 кој прима 366. Ќе има поголема комоција како во пилотската кабина, така и во делот за патниците, а ќе има и поголеми прозори од конкурентските авиони.
CNN објави дека овој авион со два мотори ќе може да лета на дестинации како и авионите со четири мотори, а просечно ќе троши дванаесет отсто помалку гориво од конкурентските авиони.
Производството на новиот Боинг 777-9X ќе започне во 2017 година, а првите комерцијални летови со овој авион се очекува да бидат изведени во 2020 година.
Компаниите „Emirates“, „All Nippon Airways “ и „Lufthansа“, нарачаче 320 авиони од типот Боинг 777-9X.
OhridNews