Во вештачки услови со помош на науката, создаден е нов елемент во Периодичниот систем – метален водород. Доколку тој ја задржи структурата во нормални услови (собна температура), тогаш на повидок е револуција во развојот на технологијата и човештвото.

Новиот елемент го создадоа научници на универзитетот Харвард во САД, со помош на екстремно висок притисок, нешто слично како што се создадени дијамантите во природата, но во лабораториски услови. Под притисок водородот ја променил структурата од течност во метал. Доколку неговата структура остане стабилна во нормални услови ќе биде создаден супер спроводник кој нема да има загуба на енергија, но и материјал кој потенцијално може да биде гориво за вселенски бродови, на начин што при обратен процес од создавањето металниот водород испушта големи количини на енергија. Но, сето ова ќе биде возможно во иднина доколку тестирањата кои претстојат ја потврдат теоријата на научниците кои го создадоа металниот водород.


Научниците создадоа метален водород

OhridNews