Македонскиот стендап комичар Никола Тодороски, со својот револуционерен проект „ Револуција“, викендов, настапи во Франкфурт пред бројна македонска публика.
– Многу сум среќен што македонските иселеници со задоволство и воодушевување го прифатија тоа што го работам. Со ова успеав да ставам уште една светска метропола на македонската стендап мапа. Ова е само почеток на една убава поголема соработка, изјави Тодороски по настапот.
Настапот на Тодороски во Франкфурт беше организиран од страна на македонската заедница МКСВ Македонија.
По настапот во Франкфурт, Тодороски во четрток пред охриѓани ќе се претстави со петттото продолжение на стендап револуцијата. Проектот „СТЕНДАП РЕВОЛУЦИЈА“ Никола го започна во декември минатата година. Предизвикот кој тој си го постави со овој проект е секој месец до јуни 2015 да пишува нов материјал.
OhridNews