Во уредениот простор заштитен со дрвена ограда лимнолозите засадија автентични блатни растенија ,со што еден мал дел од блатото врз кој со години се натрупувал смет повторно е во функција на природата.
Со проектот извршени се научни согледувања на сегашната состојба на блатото и живиот свет во него, а сознанијата на експертите се преточени во брошура која благодарение на проектот кој го поттикна Ohridnews, ќе бидат достапни за пошироката јавност и тоа бесплатно. Граѓаните исто така ќе можат да ја посетат и ботаничката градина која се наоѓа во близина на дирекцијата на Комуналец каде можат да ја разгледаат блатната вегетација.
Некогашната депонија денеска е пристојно уреден парк
Овој проект е мал придонес на Ohridnews и Македонското лимнолошко друштво кон зачувување на преостанатото охридско блато, за чија целосна заштита е потребна поголема општествена акција. На прес конференција што ќе се одржи денеска ќе бидат соопштени резултатите од активностите и научни истражувања спроведени во рамки на проектот за заштита на блатото Студенчишта. Проектот кој целосно го финансираше Минисиерството за животна средина и просторно планирање, е поддржан и од локалната самоуправа.