Во петок 29 мај, по повод 30-годишнина од трагедијата што се случи во финалето од Купот на европските стадиони на стадионот „Хејсел“ во Брисел, Белгија, во која животот го загубија 39 навивачи на Јувентус, во неколку градови низ Македонија ќе бидат одиграни ревијални натпревари во мал фудбал помеѓу фановите на италијанскиот клуб и Ливерпул.

Минималната победа (1-0) во  финалето на „Хејсел“ во 1985 година што значеше прва европска круна за „бјанконерите“ беше засенета од големата несреќа во која загинаа 39 навивачи од Италија, a 600 беа повредени. Поради низа безбедносни пропусти и лошата инфраструктура на стадионот, која попушти во моментите кога илјадници навивачи се обидуваа да избегаат од зоната на конфликт, кој го започнаа приврзаниците на Ливерпул, згаснаа десетици човечки животи.

Во Охрид ревијалниот натпревар ќе се одигра во спортско рекреативниот центар „Климент Колески“ со почеток во 18 часот.

Ohridnews