В недела со почеток во 12 часот Мото клубот Охрид заедно со сообраќаjната полициска служба од Охрид ќе возат ревијален круг со моторцикли низ градот.

Мотото на ревијалниот круг по улиците на градот е „Безбедно на мотор“ која е во склоп на неделата на мотоциклистите.

Од Мото клубот во најскоро време најавија средба и советување на сите мотоциклисти пред почетокот на туристичката сезона кога градот е преполн со туристи.

Ohridnews