Во организација на Српско-македонското друштво „Коштана“ од 25 до 28 март во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи ревија на српски играни филмови.

Во овие денови во терминот од 18 и 20 часот, ќе бидат прикажани култни филмски остварувања на српската кинематографија.

Ревијата ќе започне со прикажување на филмот “На убавиот син Дунав” – на кој во Охрид ќе допатуваат режисерот Дарко Бајиќ и актерската екипа.

На 26 март од 18ч. се прикажува филмот „Ние не сме ангели“ на режисерот Срѓан Драгојевиќ, а од 20 ч. филмот „Буре барут“ во режија на Горан Паскалиевиќ.

На 27 март ќе бидат прикажани филмовите „Мал свет“ и „Ране“.  Свеченото затворање на ревијата е на 28 март со филмот „Чарлстон за Огњенко“, по што во х. „Белведере“, ќе се одржи српска вечер.

Паралелно со филмската ревија од 25 до 28 март во галеријата на Центарот за култура ќе се одржи изложба на уметнички дела на Миро Масин и локални уметници.

OHRIDNEWS