Во Охрид втора година по ред се организира ревија на Олдтајмери која започнува денес. На ревијата ќе продефилираат 30 раритетни стари возила од различни автомобилски марки.

Овие возила се вистинска атракција. Тие ќе бидат изложени во центарот на Охрид, а дел од нив ќе бидат на плоштадот „Чинар“ како едно надополнување на фестивалот на „Вино и сирење“ односно надополнување на самата сцена и кореографијата.  Утре ќе биде официјалниот дел на манифестацијата кога ревијално ќе се вози од Охрид до Пештани по што ќе следи  и изложба на возилата и фотосесија на градскиот кеј. Изложените возила на кејот утревечер ќе бидат вистинска атракција за минувачите, изјави Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид.   

Олдајмерите кои беа изложени на ревијата која беше органиизрана минатата година го привлекоа вниманието и на охриѓани и на туристите.

OhridNews