По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија на 5 и 6 септември на малото пристаниште пред Хотел Палас ќе се одржи ревијален ватерполо турнир.

Организиратор на турнирот е Здружението за спортови на вода „Охридски бранови“, а учество ќе земат повеќе екипи од нашата земја и соседна Србија.

Настанот се одржува под покровителство на општина Охрид.

OhridNews