Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го освоија целиот плен во средбата со Ватфорд победувајќи го ривалот со 3-0 (1-0) на Олд Трафорд. „Црвените ѓаволи“ со новите три бодови „скокна“ две позиции и се искачија на петтото место на табелата во Премиер лигата.

Избраниците на Оле гунас Солскјер отпорот на гостите пред своите гледачи во скршија пред крајот на првиот дел. Зимската аквизиција Бруно Фернандес прецизно биеше од белата точка и со дебитанскиот погодок донесе водство од 1-0. Во второто полувреме, Ентони Марсијал со итар погодок зголеми на 2-0. За 3-0 погоди Мејсон Гринвуд кој мрежата ја затресе со помош на гредата.

Идентичен триумф како Манчестер Јунајтед забележа тимот на Вулверхемтон кој на домашен терен го совлада последнопласираниот Норвич со 3-0. Денеска ќе се одигра мечот Арсенал – Евертон, а рундата ќе се комплетира со утрешниот натпревар Ливерпул – Вест Хем.

OhridNews