Ревијална веслачка регата со традиционални метални кајчиња ќе се одржи во Охрид на 27 август со почеток во 17:00 часот. За таа цел од Веслачки клуб “Горица Ремо” од Охрид објавуваат повик за учество.

Регатата ќе се одржи во близина на охридскиот кеј, на потегот од каналот до пристаништето. Трките ќе се одржат во машка и женска конкуренција во 2 категории, и тоа: едносед, со должина на кајче 4-4.5 метри и двосед, со должина на кајче 5-6 метри. Награден фонд изнесува за I место: 5000 денари и резба традиционален охридски чун, за II место: 3000 денари и за III место: 2000 денари, информираат од Општина Охрид.

Регатата, додаваат, ќе биде завршен настан на фестивалот на водните спортови кој ќе се одржи во периодот од 18 до 27 август.

Пријавувањето за истата може да се направи на email: [email protected] како и телефонскиот број 078472482. Краен рок за пријавување е 19 август.

OhridNews