Ветераните на Фудбалскиот клуб Охрид и Фудбалскиот клуб Црвена Звезда од Белград денес ќе одиграат ревијален пријателски натпревар на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Ќе биде тоа можност за охриѓани и љубителите на фудбалот од регионот, на дело уште еднаш да ги видат старите добри мајстори на најпопуларната игра во светот.
Легендите на Црвена Звезда синоќа пристигнаа во Охрид, а денес имаа прошетка по Охридско Езеро и чаршијата, како и дружба во гостилница Боем.
Во Охрид допатува звездините ѕвезди и пријатели: Милош Шестиќ, Јован Куле Ачимовиќ, Бошко Ѓуровски, Здравко Боровница, Недељко Милосавлљевиќ, Јовица Николиќ, Славољуб Јанковиќ, Драги Канатлароски, Митко Стојкоски и Тони Мицески.
Ветераните на Охрид ќе настапат во состав: Данчо Целески, Благоја Буџакоски, Игор Митрески, Љубе Лескароски, Љупчо Митрески Бавча, Абиљ, Аце Велески, Аце Велјаноски, Гоце Маркоски, Слободан Булески, Веле Ѓоршески, Наум Шапкар, Гоце Илчески, Горан Настески, Христијан Димоски, Драган Бочески, Аце Толески, Ламбе Арнаудов, Стефан Здравевски Циро, Милчо Ристески, Јаким Бакулески, Илче Ристески Чоста, Дејан Лескароски и Мишко Рувинов. Екипата од клупа ќе ја предводат Драган Блажески Крчо и Насте Мише.
Напреварот помеѓу ветераните на Охрид и Црвена Звезда почнува во 17 часот, а влезот е слободен. По завршување на натпреварот предвидена е заедничка дружба на ветераните на двата клуба.
OhridNews