Ќе изведе дела од Тосели, Крајслер, Глак, Полдини, Барток, Саенс, Дрдла и Брамс. Дел од репертоарот на младиот виолинист ќе биде и Виенскиот Марш. На пијано ќе го придружува Дарко Мариновски.
Ристе Довлев е ученик во четврта година при Државниот Музичко Балетски Училишен Центар “Илија Николовски – Луј” – Скопје, во класата на професорот Тони Терзиев. Довлев е учесник на повеќе државни натпревари и добитник е на бројни награди.