Охрид ќе прерасне во регионален Фиба Европа центар во кој на својот развој би работеле тренери , судии и кошаркари. Кампот за млади кошаркари до 15 години, кој е идеа на генералниот секретар на Фиба Европа, Нар Занолин, требаше да старува годинава, но рецесијата ги поремети плановите на европската кошаркаска куќа.


Финасиската криза го одложи стартот на  регионаланиот камп за кошаркари до 15 години, идеа која ја добив при првата посета во Македонија. Камп од таков тип имаме во Постојна, Словенија и одлично функционира, мислам дека Охрид со својата местоположба и клима е идеално место. Но за жал не затекна рецесијата и мора да биде внимателни, не ја отфрливме идејата но само ја одложивме, бидејќи вреди да се вложува во младите– истакна Занолин.


За прв пат во Македонија престојува и Олаф Рафнсон, член на бордот на ФИБА Европа и менаџер на работната група за развој на ФЕ.

Посетуваме многу земји и од она што го видовме во Македонија сме воодушевни. Македонската федерација е организирана на високо ниво. Овде сме да размениме искуства, идеи и  концепти од една и друга земја. Наша цел е сите членки да се чувствуваат како дел од Фиба фамилијата – вели Рафносон.

М.Постоловски