Глобалната криза силно се одрази на цените на недвижностите низ целиот свет, а во некои држави тие паднаа за речиси 50 проценти. Според последните информации, тој тренд не ја заобиколи и месечината.

Сопствениците на компанијата од Прага која се занимава со продажба на парцели на Месечината, велат дека кризата го загрозила и нивниот бизнис.


„Поради финасиската криза бевме приморани да ги намалиме цените. Не очекувавме дека продажбата ќе ни опадне, но бидејќи тоа се случи, сакаме со пониски цени да ги поттикнеме инвеститорите“ – рекол претставник од компанијата Филип Рајхарт.

Обединетите нации уште пред 42 години се обидоа да го забранат присвојувањето на небеските тела, но од 80-тите години од минатиот век се отвоени агенции за продажба на парцели на Месечината, Венера и Марс.

Агенцијата од Прага до неодамна 1 метар квадратен го продавала аз 40 евра, а сега цената е намалена на 30 евра.