Тие тврдат дека темелното чистење на wc-то ја привлекува среќата, а на сите оние кои имаат потреба од среќа им порачуваат дека не е доволно само да ја избришат wc шолјата, туку потребно е темелно полирање т.е. потполно посветување на работата. Среќата нема да дојде доколку работите безволно, што значи, додека чистите во wc-то и ја рибате шолјата морате да бидете со исклучително добра волја.
Мноштво од овие необични совети ги има во книгата испирирана од будистичките верувања и традиционалното кинеско уверување дека човековата среќа е условена од животната околина. Книгата на омотот содржи и сведоштва на луѓе кои заради студиозно рибање wc постанале среќни, се обогатиле, ја нашле љубовта на својот живот и сл.
(АБ)