Како да заспиете кога тоа едноставно не ви оди? Не е така комплицирано, само треба да ги следите советите кои следат.
Несоницата е опасна за здравјето, но овој ритам на живот неретко не доведува во ситуација да е веќе два часот наутро, а ние и понатака се вртиме во креветот, чекајќи да ни дојде сонот.
Експертите велат – погрешно. Во такви ситуации прво треба да станеме од креветот, бидејќи инаку му праќате порака на мозокот дека креветот не е место за спиење. Одете во друга соба и правете нешто за опуштање и смирување со пригушено светло, читајте книга или весник. Кога ќе ви се приспие, одете во кревет и веднаш ќе заспиете.
На тој начин всушност ќе го смирите мозокот, бидејќи ако размислувате, на пример, за тоа што треба да правите утре на работа или дома, никогаш нема да заспиете. Затоа, не е лоша идејата да запишете се што ви паѓа на памет за да го испразните мозокот и да му овозможите да се смири и да ви дозволи да заспиете.
Еден од проблемите е и часовникот – ако постојано гледате на него и гледате уште колку малку сон имате на располагање, нема да се опуштите. Затоа не го гледајте часовникот, и повторно ќе му овозможите на мозокот да се смири.
Смирувачка шолја чај или топло млеко, со две-три страни книга или омилено списание ќе ви ги решат повеќето проблеми со спиењето, а никако немојте да го вклучувате телевизорот или компјутерот, бидејќи нема да може да заспиете.
извор:metro-portal.hr