Пехарот од Велигденскиот турнир Охрид 2012 ќе добие нов сопственик. Скопско, Спарадајс и Вис Пој се досегашните освојувачи на трофејот. Екипите на Скопско и Спарадајс, во првото финале се радуваа на победата додека тимот на Вис Пој после третото финале го освои турнирот.


Во првото издание на Велигденскиот турнир, екипата на Скопско во дратамитично финале успеаа да го совлада Вис Пој со 3-1.


“Дежа ву“ за Вис Пој, во второто финале Спарадајс преку пенал рулетот стигна до трофејот. Регуларниот дел и продолженијата од мечот завршија 1-1.


Конечно и Вис Пој се радува на победа на Велгиденскиот турнир, “жртва“ на “портокаловите“ беше Бекче, кои претрпеа убедлив пораз од 6-1.


На четвртиот Велигденски турнир, во финалето ќе се сретнат екипите на Бел Мерцедес и Бекче. За “мечките“ ова е деби финале, додека Бекче учествуваше во ланското но загуби од Вис Пој.


Кој ќе се радува на трофејот, Бел Мерцедес или Бекче ??

Пред финалниот натпревар, за утешното трето место ќе се борат екипите на Дисконт Царовски и Вис Пој. Големото финале е закажано во 20:30 часот.

Мх.П.