Оваа колумна оригинално е објавена на 29.08.2011

“Македонците некош се бореа за својте……”. “Комши, грешно ја пејш нашава….” “Грешен да шеташ по улици. Слушаш ти? Читаш? Ни глув си ни ќор, ама изгледа си глуп”. Кој го шишат бре ко не разбират ништо.   А јас, летам. Среќа. Бре, бре, бре растам. Готово е, немат борба појќе. Леле луѓе векој. Ејјјјјј, векој се боревме. Се равчаливме. А сега….шетам пресреќен и горд ко пратеничкана Бети Кузманоска, а не сум послушник. И то да видиш.

Абе немав време во една предходна колумна да ви кажам колку сум покакан од среќа за ова истово, а еве сега се врцкам крај езеро и ми идет од среќа да се плеснам во него од радој. И ќе го напраев то да немаше толку тревишча и шпорети. Дан се акнам со….Аку ко ќе го исчистет. Абре све ми е равно.

Крај езеро гужва, пак начекав пред мене шетет златни Грци, а во срцево мое прегужва. Чувства, расположение. Шубав бил бре овој грчкиов, ги слушам брбет дур купвет од оние кутине од натезга, со ориз и пластични школки,  шо пишит на нив “Rоздраv од Оnрид” и види, бре мајката, ич не ми сметет. Абе ко ќе ти е погодено, ништо не те нервират. Ниту Грциве. Едно време мислев се дерет. Кое бре црно дерење сељак еден, пеат бре пеат, понежно од  баче Азис. Уааав  Азис.
 
“Ева извини бате шо те пљукнав се закашлав и…..”, “Ништо батка, ништо”. Страшна работа, ми акнал една ракајнца. Ништо од колосек не ме ваѓат. А како да ме истајт, ко е готово со макиве. Готово. Еј не можам да се соземам. Од сега кај сакам можам да извам македонско знаме и то алооооо…најголемооооо.  Алооооо….Да, да не чуди се. Кај сакам, брате. Ме признаа сиве националности во Македонија. Еј. Ти се вервит? Сиве. Абре години ова политичариве ни ги полнеа умојве, овие прает ова, оние она, а ко тие душа давале за нас. Душа бре. И то сите. А морам да признам, рака на нога, најмногу оние од баче Али. Тие први скокнаја да се решит тој проблем. Алал да им е. Сега си се знајт све. Ама све си е регулирано. Немојт појќе никој да не искарат со никого, посебно не со Албанциве.

Ко ќе им е нивни празник, нивно знаме. Ко ќе е наш празник, нивно знаме. А идат вград од нив некој,  нивно знаме, вртиш на втора одма нивното знаме, вртиш на трета, а во моментот зборвит некој од другиве, нивно знаме. Си имат ред. На пример, ти влегвет од нив двајца в дуќан, а ти сам продавач, значи 2:1, бам нивно знаме. Ама помало од нашето шо не го ваѓат никој. Во општините кај шо тие се појќе, пред зградите, пред семкарнициве, пред слаткариве, на раскрсница, на автобуска, на кино, на тераса, на тротоар, во ресторан, в клозет  до хартијата и шишето….пак нивно знаме….помало. Е сега, сегде на другите места шо останвет, ама буквално сегде,  бам наше. Жими се, сегде. И то не само клајго. Туку си имат ред. Скоро сегде нашето ќе се редит в среде и ќе е поголемо.

Од слаткарата лево од нашето, а од семкарџијата десно. То симболизират, демек то шо е македонско в сендвич фатено. Демек. Ама немат врска. То да мислет душманиве дека уште се караме. Ха. Или, пак,  ако кај шо е нашево знаме во близина имат слаткара, семкарница и чајџилница, нашето прво, а другите сите од позади. Помали. А знајш з’ш така. З,ш Македончето е локомотива, бре, ајвангардистичко нешто, предводник на све. Зато морат сите одпозади да му се изнаредат.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите