Слушај море абдал. Морат да се преземат сите мерки, правни, кривни, вакви такви и морат да успејме. Морат. Абе кој онакво ни се требни нас туристи. Замисли. Во Охрид, индустриски град да ни зврчат и да ни досадвет туристи? А? Не е малку глупо? Абре Господ да ни го поживејт градоначалникот и сите ко него шо му теквет идеи како на дете ко ќе му се мочат, а шетат низ чаршија. Фжт фжт. Одма. Абе мозокон му работи 432 км на сат. Полн е со мозок.
Влезарина. Да. То е спасот да ги испадиме и последните најупорни, досадни и одвратни туристи од нашиот ни мил град Охрид. Абре еден туриста да не видиме. Како ам. Некош ако, не дај Господ, еве и со лева се крстам Господе златен, станиме туристички град ајде де. Ам вака шо ќе ми се. Ајвани. Санќим ние од нив живеј ме даби на живоќе вол ги рушил, даби ги распарал. А писнаа од Подмоље навака пролив да ги фатит и да не можат од црнана точка на вака ни О од Охрид да помирисет.
Ама неможам да ги разберам и нив. Годиниве не малку им праќавме пораки дека не ни се требни. Кој мој стојко уште се упорни. Цените до небеса. Едно кафе две евра. Една плескавица колку едно цело теле. И то бајата. Тазе???? Тазе ќе ја платиш ко да јајш бели бубрези од приплодно бафало тогаш секнати и донесени. Како ам. Смештајот? Оф оф оф тука репање. Стобекс, на само 5 км од болницана и уште седум од неа до центар 400 денари кревет. Ама и тука издржвеа и со тие 400 денари, даби 400 кокошки очи им ги колвале даби.
Абе златен Господ здравје и памет, посебно памет да му дајт на Ацета за идеиве. А идеиве се…….бомба….топ. Како ам. Мислит море чоекот, за то го трошит времено не како Велета Митан да шетат чаршија ко пусто гојдо. Додуша и да прошетат немат да е пусто.
Да. Со влезарина колку толку ќе ги намалиме досадниве туристи. Само кун оваа кација на бркање на туристите требит сите да се приклучиме и да дајме по некоја исто ваква фантастична идеја. Мхм. Еве ја мојата идеја.
Мочарина. Да бе. Не се чуди. Посебно за скопјанишчана. Да си се воведит ценовник за мочање во езеро. Ко немојме да ги одучиме да не ни мочет бар да зејме некој денар плус то и еднаш ко ќе ги орепаме ќе се подумет малку, не да мочет, ами и дал ќе дојдат. И то во ценовникот да си стојт све.
Сто милилитри измочани, за машки 10 евра, за жени 5 евра. Да бе. Не се смеј. Ова не е така лупнато. Туку напраена е опсежна анализа од моја страна. Сега додуша мозоков мој немат толкав капацитет ко Ацета, ама анализирав све.
Е сега зш поскапо за мажи? За да се помочат маж во езероно требит да го извајт и да мочат. Чим го ваѓат значи ќе го заплакнит од прфутот. Така? Значи се одвиваат и мокателни и плакнателни активности од страна на дотичниот. То се две операции, 5 евра за мочарина и 5 евра за прфутарина, прает 10 евра. Не така? Плус ако одавна не е исплакнат да се воведит такса од 1 евро за 10 грама прфут. Абе седи тука. Мозок имам и јас не само Аце. Неможит некој да ни го жолтејт езероно и да ни го прфутосвит без да платит.
А зш за жените помалку? Е сега жениве запазвет само една операција. Мокателна. Кај нив немат плакнателна активност, и не му наплаќеме прфутарина, зш прво се депилирани, второ и да не се тие неморат да ги ваѓет мочателните апарати надвор а со то не ја извршат втората, прфутателна активност. И уште една олеснителна околност за нив, во однос на плаќање на мочарината, е то шо мочет преку купачи така да колку толку се филтрират мочта, и голем дел од физиолошко-мочателните одпадоци се задржвет на онај белиот мрежест дел од внатре на купачите и помалку се загадвит водана.
Е ако влезаринава од Ацета и мочаринава моја, со си прфутарина, не ги запрет туристиве да ни се втикачват во нашиот ни мил Охрид тогаш незнам шо да се прајт. Едино да ги натераме пак липине да ги посадет. Незнам.
(Колумната беше објавена на 28.11.2011)