Арлија работа комшо. Ко Сергеја си напраен. Како ја дотера ограда, лепотица…штракет ножиците ко вилицине од Злата. Аре кесата шо баздит со гној за тревава ти е?….”.
„Не бре каков гној, страмота е в строг центар гној да носам. Тук песојве од комшиве се тотолат и јас собирам ката ден. А ти од кај идаш со ранецот за планинарење и то кутивчето од шуруп? Дан беше на турнеја по печати за рецепт низ Македонијава, а и пошироко”.
“Не ре какви аптеки…Дреново тркнав. И ова не е кутивче со иљач….мало…Ова е пакет, со поклони и писмо требит да имат в натре. Брачед ми ми го прати од Америка, па да не трошит за пошта скокнав јас до Дреново …..”.
Вошкар еден. Иљач….мало пакетче…… Ар од завист шо не ќе протушит народијава. Уф ми идаше да го акнам. Ама се воздржав з,ш не сме в парламент да го мавам, да го пљукам, газам со штикла, да му гризам уше, да…На улица сум. Срамота е. Не така??? Ам како. А да бев во..
Ева стигна и ова. Не ми вервеа. Брачед е бре. Крв е. Не ќе пишел. Сега вака…..шо пишит…..само да го….
„ Хелоу казан. Многу ме дистрој твоето писмо пред пет иарси шо ми го прати и седнав урџенси да ти напиша. Можда малку подзакаснав, но сигурен су дека ќе ме андерстендиш заш имав траблси со пенојве амерички. Неможев никако да најда пен со пинк боја. Овде голем проблемс имат со пинк боја, бат се саферав дур барав тро појќе заш сакав ко ќе ридаш све да ти е во пинк, ју ноу. Сори шо мораше да ојш до Дреново, ама попошта не ти пратив, заш незнаев дали да пиша ФИРОМ, Мацедонија али Македонија. Вот мин, не беше мани метерс. Сега дури те стенда ко ќе ми велеше, ја ко ќе идав од вилиџ со басон кај тебе дек имат диференс меѓу кафе и каве, ванела и фанела, писта и пизда, ју ноу. Еден летер мојт многу шитој да напрајт. Рили.
За мене нема шо спешали да ти кажа. Се снајдовме некако. Само шо по цели деној и ноќој плача за мадерлендот. Да можа првиот плејн ќе го фата. Ама шит неможа. Факен плејн високо летат. И така сиве седум иарси, ју ноу. Ја ворка во еден фектори за мејкинг храна за животиње и то шо ќе останит ја го…дазнт мета. Онестли овде појќе ги сакет нив од нас. Ама и нас не сакет. Јоца, е вејтер, ама женски, во еден ресторан за храна и им ја дават на гостине. Газдата е ептем сатисфајт од нејѕе, је дават како требит, ама зато и таа нему му.
Едвај купивме две хауси и три карој. Имавме еден ексидент пред едно време. Во свиминг пулон не сакавме да трошиме бадијала електрисити среде зима и сабајлето го најдовме Тренчо фризен. Сите бевме саднес и ние и чилдренсон. И ја и Јоца и Фијона и Ружа и Трпче и Трена и Џорч и Ванеса и Хилари. По Тренча. Само трине најмали не беа, заш тогаш родени, не беа авијалбл за то шо се хепенинг. Бат за кратко време ни се смајли хапенисот и тргна некако, шо велат кај нас Дебрца, вуспич пругоре работата. Бат шортли, многу тешко е, ју ноу. Ич не тинкај за ваму. Тинкај си таму браче.
Туку фак му матер ептем су конфужн за тебе. Незна шо си ти. Мацедонец али Македонец али Фиромец. Гледа и слуша по њусојве не е баш све пинк. Убо шо ко ми побара не те тејк ваму, ќе ти беше терибл ко паднаја пленојве на биг гранапон во Њејорк. Ја су шуре дека како и да е вие сте стронг и ќе ја упрајте работата. Бикос ако Мацедонија е посибл да се борит тогедер со Американ против терористи, то мин дека е стабилити кантри. Да не реча егалити лајк овде. Ју ноу. Ја не ноу. Пред некој ден гледав он тиви дека ви клале електроник пост тру компјуторси. Не е мани метрс, ју ноу, ама не сакав така да ти пиша, ја се афрејд да не ми го втикачиш вирусот, па да бида сик.
Секонд. Да знајш дека ние овде ви даваме голем сапорт на вас таму. Ко ќе дојдат пејачиве наши овде со нив, тогедер, пејме, се римембер за вас таму и очиве ни се фул солзи. Како Сатеска Ривер ни течат. Со се електрик чпориња. Не за вас туку за нас, шо не сме кај вас заш ја фајнд информејшн дека таму и економикл ситуација ви се креват. Ми толдаше еден френд дека драјвате скапи карој, билојте за електрикалот, за бредот, вотерсот, оние за рингање, ви биле исто како кај нас. А и ерокрем сте итинг? Рили браче сте итинг та скапа работа?????? Спешали ми е стрејнџ, како успевате да го пеј билот за ес пејперот заш ја ноу, ју ноу, дека кај вас се прает многу шитој. То мин дека салариот ви е како нас. Ако е диферент вие немат да чутите како фишој, ќе се риволт и ќе напрајте нормал кондишанси за гуд лајф, ју ноу, ја ноу.
За маните шо ми ги бараше донт вори би хепи, ју ноу, ќе ти ги да. Мислев да ти ги сенд по некој од нашите политикал, ко ќе дојт на брекфаст кај Ѓорета, ама сум афрејд да сенд дури 20 долари по такви мада фака. Заш, ак се забрал дур ваму за еден сосиџ и две јајца ќе ги сфакинг и тие 20 долари. Ар казан толдми, толку немате таму сосиџи и јајца, шо овие травелет дур ваму по американ јајца? Вотевер, ју ноу, кој јајца ви се по смејл гуд. Он ди енд да знајш, онестли, сите ваму Маќедонци сме вориет за вас таму, посебно ја и то за тебе. Ја за сите се вора но да ти кажа дека за тебе најмногу ме болит. Навистина ме заболе за тебе. Онестли. Казан ми си, ју ноу, или шо ми си, да ти се прдна. “
(Колумната беше објавена во 2007 година)