Вечер со македонски евергрин песни со скопскиот бенд „Ретро кабаре“, ќе се одржи вечерва во кафе барот „Баланс“. Како што информираат организаторите, на репертоарот ќе бидат некои малку подзаборавени хитови и безвременски композиции.
Забавата започнува во 22.00 часот, а за неа дополнително ќе се погрижат и членовите на охридските бендови „Smut“, „Fun House“ и „Нов почеток“.