“Introducing … The Beatles” започна со продажна во САД во 1964 година, но поради правни спорови пристигна на полиците во музичките продавници само 10 дена пред нивниот втор албум  “Meet The Beatles!,” кој што стана уште поголем хит.

Реткото издание беше ставено на продажба на eBay, а беше купено од приватен колекционер, со конечната победничка понуда која достигна близу 15.000 долари минатата недела. Албумот ги содржи класичните песни на Битлси како што се “Twist and Shout” како и нивниот деби сингл “Love Me Do.”