Палеонтолозите од Монтана универзитетот изјавиле дека во Северна Јута пронашле фосил на трудна желка стар 75 милиони години. Тоа е првата трудна желка пронајдена во САД. Најмалку три јајца се видливи надвор од фосилот, а палеонтолозите ги проучувале сликите добини во потрага за останатите јајца во фосилот.
Еден студент вклучен во проектот изјавил дека желката до положување на јајцата имала уште околу една седмица кога угинала и станала заробена во камената обвивка. Фосилот е пронајден уште во 2006 година. Јајцата се откриени после две години кога група волонтери повторно го разгледувала фосилот. Првата праисториска желка пронајдена е во 1999 година во Канада.