Јавното претпријатие за комунална дејност „ Дебрца“ поради зголемената потрошувачка на вода апелира до корисниците во општината да не се злоупотребува водата, освен за неопходните потреби. Оттаму додаваат дека претпријатието е принудено да воведе рестрикции во водоснабдувањето во населените места.

Петок 24- ти јули, вода ќе има во населените места Оровник и Подмоље. Сабота 25- ти јули, вода ќе има во селото Горенци, недела 26- ти јули, вода ќе има во населените места Оровник и Подмоље. Понеделник, 27- ми јули, вода ќе има во Горенци.

Од јавното претпријатие потенцираат дека овој редослед  ќе биде се додека има недостиг на вода и не се стабилизира состојбата со водоснабдувањето во општината.

OhridNews