По повод новонастаната ситуација со корона вирусот и препораките на Министерството за здравство за затворање на образовните установи, како и откажувањето на сите културни и спортски манифестации, што неминовно придонесе за намалување на бројот на патници , „Галеб“ АД Охрид воведува рестрикција на повеќе редовни линии.
Почнувајќи од 14 март, сабота „Галеб“ АД Охрид, нема да ги одржува следните автобуски линии:
07 30,12 45 и 19 00 од Охрид кон Скопје
08 00, 12 00, 16 30 од Скопје кон Охрид
08 15 и 13 15 од Охрид кон Битола
10 30 и 16 00 од Битола кон ОхридСе надеваме дека нашите патници ќе покажат разбирање за овие непопуларни мерки кои мораа да бидат преземени.
„Галеб“ АД Охрид.
„Галеб“ АД Охрид презема и дополнителни мерки за заштита на патниците и вработените. Се врши вонредна дезинфекција на целиот возен парк вклучен во јавниот сообраќај на локални, меѓуградски и меѓународни линии, а вработените се опремени со заштитни маски и ракавици. До патниците се апелира исто така, да ги почитуваат мерките на заштита, со цел заеднички да се надмине актуелната ситуација.
Г.М.