Ресторанот на Ева Лонгорија, кој воедно е и ноќен клуб, веќе со месеци работел со загуба, па адвокатите предале документи за стечајна постапка и размислуваат за прогласување банкрот. Ресторанот Бесо во Лос Анџелес многу лошо работел откако ева објавила дека се разведува од Тони Паркер. За неколку месеци успеала да направи минус од околу  милиони долари.


Актерката наводно се обидела да го спаси ресторанот земајќи заем, но не успеала. Ситуацијата ќе мораат да ја спасат косопствениците на ресторанот. бидејќи ева не може повеќе финансиски да вложува во него. Сепак, планира да оди во Лос Анџелес и да го надгледува работењето на ресторанот и да воведе промени кои би требало да го подобрат неговото работење. Ресторанот нема да го затвори, туку ќе се обиде да привлече што повеќе муштерии.