Охрид дише во предновогодишна празнична атмосфера. Во угостителските објекти долж крајбрежјето се бара место плус за добра забава и дружење.
Исклучителна понуда која не смее да се пропушти во овие празнични денови се и богатата музичка програма, пропратена со вистинско гурманско уживање која ја подготви ресторанот „Лихнидија“ во населбата „Св. Стефан“.
На магијата во ресторанот „Лихнидија“ покрај брегот на Охридското Езеро, дополнета со менија за сечиј вкус, дополнителен импулс ќе и дадат забавите со жива музика од квалитетни изведувачи од земјава како Благоја Груевски, Ирена Спасовска, групите „Охридски Бисери“, „Премиера Бенд“, „Далги“, „Стил“ и „Маестрал Бенд“.
За дочекот на Новата година, како и првата вечер во новата 2025 година за забавата во „Лихнидија“ ќе бидат задолжени Бубе и Гога.
Предновогодишните забави со богатата музичка програма се веќе почнати, а програмата продлжува и по Новата година. Постои можност за музика во живо и во термините за ручек.
Дополнително ресторанот „Лихнидија“ нуди можност за организирање и на други прослави и свечености со квалитетна услуга по многу пристапни цени.
Информации и резервации може да се добијат на телефонскиот број 075/326-867.
OhridNews/PR