Италијанскиот ресторан Бекери, во кој е створен познатиот десерт тирамису, ќе биде затворен поради слаба посетеност. Ресторанот во градот Тревизо, чија сопственичка во 1971 година го измислила кремастиот десерт тирамису, ќе стави катанец на вратата кон крајот на март оваа година, поради економската криза и промените во навиките за исхрана кај италијанците. Десертот направен од маскарпоне, кафе, слчатко вино и бисквити, не успеал да го спречи ресторанот да не упадне во финансиската криза.

Отворен е во 1939 година, а последната нарачка ќе ја прими на 30 март кога локалот ќе биде затворен. Сопственикот на ресторанот Карло Кампеол како причина за затворањето ја наведува слабата посетеност, што, како што вели, е последица на најголемата рецесија во која Италија западната после Втората светска војна. Објаснил дека некогаш ресторанот го посетувале политичари, бизнисмени и обични луѓе, а сега воглавно бил празен.