Поради зголемените трошоци за струја, како и поскапувањето на храната, сѐ повеќе ресторани откажуваат јадења од својата понуда. Со отстранувањето одредени јадења од менито, тие се обидуваат да избегнат зголемување на цената на нивната понуда, бидејќи знаат дека ако премногу ги покачат цените, би изгубиле гости…
Логиката вели – подобро е воопшто да не се нуди нешто, отколку да се понуди по драстично повисока цена. Првиот ресторан во Австрија којшто укина повеќе пржени јадења, како и традиционалната „виенска шницла“, е семејниот ресторан „Риглер“. Сопственикот на ресторанот, Ханес Пирчер Риглер вели дека не сака да штеди на квалитетот.
Се обидуваме да соработуваме со тукашните доставувачи. Месото доаѓа од ова подрачје, маслото – исто така… За нас е важно парите да останат во ова место, додаде тој.
Во Виена, познатиот ресторан „Коларик“, поради поскапување, овој месец од менито ја избриша печената гуска… Иако октомври е времето кога Австријците традиционално јадат гуска со црвена зелка.
OhridNews