Еден ресторан во Њујорк на своите гости им нудел облека од месо каква што носела планетарно популарната Лејди Гага на доделувањето на наградите на МТВ. Сопствениците на ресторанот Олд Хоумсид Стекхаус дизајнирале најразлична облека која се продавала по цена од 80 илјади долари.


Облеката се состоела од ребра, месо, чизми од говедско месо како и огрлица од коски. Вкупната тежина на облеката изнесувала 38,5 килограми. Сопственикот на ресторанот, Марк Шери, изјавил дека облеката ја носите околу еден час, се забавувате со неа, па потоа во ладилникот имате доволно месо за половина година. Затоа според него цената не била превисока.