Еден ресторан во Лондон смислил како да го реши проблемот со намалената посета по економската криза. На посетителите не им се даваат сметки, туку им се препушта тие самите да одлучат колку бил вреден оброкот, а можат дури и да не платат.

„Тоа е во исклучива надлежност на гостите. Можат да платат 100 фунти или 1 пени. Единствено што барам е да платат онолку колку што тие сметаат дека вреди храната и услугата“ – изјавил сопственикот на ресторанот.


Ресторанот “Little Bay” во северен Лондон овој месец нема да им издава сметки на гостите, само пијалаците имаат фиксни цени.

„Дури и ако луѓето не платат ништо, персоналот ќе се однесува исто како да платиле 100 фунти“ – додал сопственикот.

Порано обоците во ресторанот чинеле од 3 до 4 фунти, а главните специјалитети околу 10 фунти.