Во американската држава Вирџинја минатата седмица бил отворен ресторан во кој пристапот е забранет за деца и тинејџери. Ниту на едно лице помладо од 18 години не му е дозволено да го мине прагот на овој угостителски објект и да нарача храна, а причина за тоа е желбата на сопствениците да им даде шанса на родителите да се опуштат и одморат во пријатен амбиент без детскиот жагор. Сопственикот на ресторанот, Мајк Андерсен, кој и самиот имал три деца, рекол дека на родителите повремено им е потребен одмор, и тоа не само од сопствените, туку од децата воопшто.
Рекол како помислиле дека би било убаво да имаат место на кое младите родители би можеле да се собираат и да уживаат. На отворањето на ресторанот, кој се наоѓал недалеку од Вашингтон, повеќето од клинетите ја поздравиле идејата да се забрани пристапот за децата, но во пошироката јавност концептот не наишол на одобрување. Реагирајќи на критиките, Андерсон рекол дека поседува уште два ресторани во кои децата се добредојдени, и потсетил дека повеќето ресторани, иако така не се декларираат, ги избегнуваат децата.